Откако дебитираше на модните писти во октомври минатата година на модната ревија на познатата куќа „Miu Miu“, 18-годишната Лили Грејс Мос, ќерката на познатата британска манекенка Кејт Мос, ја зеде новата колекција на модната куќа „Fendi“ во Париз со нејзината мајка.

Ревијата беше прилично невообичаена, сите модели позираа во големи кутии од плексиглас „поставени“ во ливади цвеќиња пред да излезат на пистата.

Кејт Мос (47) и нејзината ќерка беа sвезди.

Легендарната манекенка блескаше во долг сатенски фустан додека Лили носеше бел фустан со монистра. Тоа беше нивно прво заедничко појавување на модна ревија.

Британецот Ким Џонс ја задржа позицијата уметнички директор за машка облека во „Dior“ и ја презеде функцијата главен дизајнер на женска облека, а колекцијата претставена во Париз е неговата прва женска колекција за „Fendi“. Тој го наследи Карл Лагерфилд во „Fendi“, кој почина во 2019 година.