Каролина и Михаил имаат голема желба да станат родители

Во Македонската опера и балет се одржаа два од седумте закажани концерти на Каролина Гочева на кои ќе го промовира својот најнов албум насловен „Извор".

За дневниот весник „Нова Македонија", Каролина раскажа за тоа како настал албумот и откри дел од приватноста.

– На Михаил му се допаѓаат песните и некако целосно го вклучив уште од самиот почеток во процесот на развивање на песните и сакав да ги чујам неговото мислење и сугестии. Не знам за омилена песна, но секако дека му се допаѓа вкупниот производ.

Околу тоа дали сакаат да станат родители вели:

- Се разбира, тоа е наша голема желба...

Целосното интервју можете да го прочитате тука

Каролина и нејзиниот тим уште еднаш покажаа и докажаа зошто важат за поим за квалитет и бренд во Македонија. Фантастична изведба на сите песни од најновиот албум од страна на дивата, пропратена со маестралниот бенд кои ги понесоа звуците и за ова музичко парче на Каролина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари