logo
logo
logo

Карлеуша збесна - СРЕДЕН ПРСТ за новинарите!

Vecer | 16.06.2021

Карлеуша збесна - СРЕДЕН ПРСТ за новинарите!

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска се појави на рочиште во Палатата на правдата во Белград.

Таа носеше морнарски фустан, а во ваква лежерна комбинација имаме можност да ја видиме само кога вакви настани се во прашање, инаку пејачката секогаш не изненадува со својот екстравагантен моден вкус.

Почитувајќи ги епидемиолошките мерки во судницата носеше заштитна маска. Таа немаше шминка, како и обично кога доаѓа на суд па лицето го покри со очила за сонце.

Нејзините нокти исто така се најдоа во центарот на вниманието на јавноста, кои, како и обично, беа екстремно долги, но овој пат заради друга причина, имено Јелена им го покажа средниот прст на фоторепортерите изнервирана затоа што дошле да ја сликаат пред судот. Таа брзо влезе во автомобилот и си замина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk