Српската пејачка Јелена Карлеуша (42) ги поминува жешките летни денови во својата вила на Дедиње. Имено, според српските медиуми, недвижноста на Јелена се проценува на повеќе од 2.5 милиони Евра, а ја купил нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ (36)

Пејачката на својот Инстаграм профил објави две фотографии во минијатурно бикини од дворот каде што се наоѓа базенот и се пофали со своето извајано тело.

На едната фотографија стои со скапа ташна во раката, а на другата лежи испружена на бел пешкир што го истакнува нејзиниот темен тен.

– Животот на сирена – напиша таа во описот на фотографијата.