logo
logo
logo

Карлеуша призна дека купува на РАСПРОДАЖБА, за ИЧ пари

Vecer | 21.11.2021

Карлеуша призна дека купува на РАСПРОДАЖБА, за ИЧ пари

Јелена Карлеуша е некој кој исклучително води сметка за стајлингот, па со самото тоа важи и за пејачка која најмногу вложува во гардеробата. Ги гледи трендовите и е моден пионер во регионот, а познато е дека и не штеди кога станува збор за гардеробата. Сепак, цената не е пресудна за неа, а тоа го покажала повеќе пати појавувајќи се во фустани кои чинат и помалку од 20 евра.

Jelena Karleuša

Но Јелена неодамна признала дека сака да купува и на распродажба, односно парчиња што потоа сама ги прекројува и така им дава уникатен печат.

Jelena Karleuša

- Ги следам светските дизајнери, новите колекции. Модата е мое хоби, со него пасионирано се бавам. Ми оди од рака и имам среќа што имам добар вкус. Во Гранд носев работи буквално од 500 или 1000 динари кои ги купував на распродажба. Потоа земам ножици, конец и игла и прекројувам, закачувам, шијам, ставам ремен, сандали и секогаш добивам најмногу лајкови за најевтините работи, рекла Карлеуша.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk