logo
logo
logo

Карлеуша откри, ДАЛИ ЌЕ ЈА ИМА НА САЈТ ЗА ВОЗРАСНИ (ФОТО)

Vecer | 07.12.2022

Карлеуша откри, ДАЛИ ЌЕ ЈА ИМА НА САЈТ ЗА ВОЗРАСНИ (ФОТО)

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ, која реши да отвори профил на платформата OnlyFans, моментално е во центарот на вниманието на јавноста. Сепак, слична одлука може да донесе и пејачката Јелена Карлеуша.

Имено, Карлеуша даде изјава за локалните медиуми во која објасни под кои услови би отворила профил на OnlyFans.

„Да отворам профил на OnlyFans, ќе заработам милиони. Тоа му го кажав на мојот продуцент, а тој ми пукна: „Само преку мене мртва“. Затоа не размислувам сега на тоа, туку штом Ким Кардашијан направи профил на таа платформа, и јас ќе го направам тоа“, рекла Карлеуша.

Таа, исто така, изјави што луѓето би можеле да видат на тој профил.

„Фотографиите не би се разликувале од 90 отсто од оние што ги објавувам на Инстаграм. Тоа се фотографии од настапи во многу провокативни костими. Единствено е што не знам што би ставила на другите социјални мрежи, но би се снашла “, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk