logo
logo
logo

Карлеуша ја отворила душата и му се пожалила на Весиќ: Сите присутни останале шокирани од изјавата на популарната пејачка (фото)

Vecer | 06.05.2021

Карлеуша ја отворила душата и му се пожалила на Весиќ: Сите присутни останале шокирани од изјавата на популарната пејачка (фото)

После вакцинацијата пејачката кусо разговарала со градоначалникот на Белград и неговиот заменик, а потоа се обратила и на присутните.

Градоначалникот Горан Весиќ неговиот заменик, ја дочекале денес на пунктот за вакцинирање во трговскиот цнтар Ушче пејачката Јелена КАрлеуша, која ја примила првата доза Фајзер вакцина и во таа прилика разговарал со неа.

Репортери, камермани, сниматели... Сите се собрале како би ја дочекале Јелена Карлеуша која веднаш после вакцинирањето во неформален разговор му се доверила на заменикот на градоначалникот на Белград Горан Весиќ дека повеќе страв имала од медиумските репортери отколку од вакцината.

На коментар од еден од организаторите дека неочекувано многу медиуми се присутни, Весиќ одговорил:

- Таа е актуелна, два милиона ја следат на Инстаграм, Знаеш ли што е тоа?

После вакцинирање пејачката кусо поразговарала со градоначалникот и неговиот заменик, а потоа се обратила и на присутните медиуми.

Карлеуша вчера на својот Инстаграм најавила дека денес ќе се вакцинира против коронавирус и ги повикала сите граѓани да го сторат истото...

- Драги мои, ве повикувам сите вас заедно да покажеме општествена одговорност преку вакцинација против Ковид-19, со што побрзо се вратиме во нормален живот. Јас одлучив, за себе и како пример за другите, да се вакцинираме на новиот пункт ТЦ Ушче , на Нов Белград. На ова место секој од вас може да се вакцинира, секој ден од 9 до 21 часот, без предходно закажување за вакцинирање со вакцина по ваш избор. Се гледаме! – напишала таа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk