Раперот Канје Вест го промовираше својот нов албум „Донда“ на стадион во Атланта и среде изведбата на една нова песна, тој падна на колена и почна да плаче. Причината за ова е фактот дека тој го загуби семејството, а 44-годишниот рапер инаку е во средина на развод со Ким Кардашијан.

Почна да плаче среде песната „Love Unconditionally“ а целиот албум го посвети на неговата покојна мајка Донди. „Го губам семејството, го губам семејството“, липаше Канје. Тој наводно уште порано и кажал на Ким за што станува збор за песната, а сето тоа се случило пред очите на нивните деца. Ким исто така беше на настанот, очигледно се обидува да одржи добри односи со нејзиниот наскоро бивш сопруг.

Канје по разводот утеха најде кај манекенката Ирина Шајк, со која беше снимен неколку пати на романтичен одмор, а Ким наводно не е премногу воодушевена што раперот толку брзо најде нова девојка.

“Таа во моментот не е фокусирана на врски и дружења, но всушност е загрижена дека никој нема да сака да биде со неа затоа што врската меѓу неа и Каније беше толку јавна. Таа знае колку е тешко да се изгради врска со доверба, па затоа мисли ќе потрае некое време пред да дозволи некој нов во нејзиниот живот. Со Каније беше полесно затоа што тие беа прво пријатели и си веруваа еден на друг. Но, таа сигурно не мислеше дека Канје ќе најде некој нов пред неа “, изјави извор близок до Ким за US Weekly пред неколку дена.

Ким одлучи да поднесе барање за развод по седум години брак, а процесот сè уште не е официјално завршен