logo
logo
logo

Кање Вест: Немам прочитано ниедна книга

Vecer | 20.09.2022

Кање Вест: Немам прочитано ниедна книга

Познатиот рапер и татко на три деца, Канје Вест, тврди дека никогаш во животот не прочитал ниту една книга.

Раперот ова го откри за време на гостувањето во подкастот „Hello Mind Full“.

- Всушност, немам прочитано никакви книги. Читањето за мене е како јадење прокељ, изјави Вест.

Иако Вест не мисли дека книгите се важни, не е јасно дали тоа верување им е пренесено на децата од Академијата Донда. Училиштето беше отворено кон крајот на август, а „Ролинг Стоун“ откри дека родителите морале да потпишат договор за тајност како нивните деца би можеле да одат во училиштето.

Училиштето го носи името на покојната мајка на Вест, која била учителка, а се наоѓа во Калифорнија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk