logo
logo
logo

Канадски актер, кој ја уби мајка си, планирал атентат на премиерот Трудо

Vecer | 17.06.2022

Канадски актер, кој ја уби мајка си, планирал атентат на премиерот Трудо

Освен тоа, актерот наводно планирал да го убие и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Грентам го започнал сослушувањето за изрекување на пресудата во Врховниот суд, на кое ќе се утврди колку долго треба да ја отслужи казната пред да се квалификува за условно ослободување. Убиството од втор степен носи задолжителна доживотна затворска казна, а периодот на забрана на условниот отпуст се движи од 10 до 25 години.

Актерот ја застрелал својата 64-годишна мајка Барбара Вејт во задниот дел од главата во март 2020 година додека свирела на клавир, а претходно оваа година се изјаснил за виновен за убиство од втор степен, откако првично бил обвинет за убиство од прв степен, пренесува CBS. .

За време на изрекувањето на пресудата, обвинителите ја откриле психичката состојба на Грантам во моментот на смртта на неговата мајка, а судењето открило дека Грантам вежбал убиства и снимал видеа во текот на постапката, вклучително и снимки по убиството на неговата мајка во кои тој признал и го покажувал нејзиното тело.

Според обвинителите, Грентам наводно ја убил мајка си за да ја поштеди да не ги види другите негови насилни дејствија, вклучително и планираниот атентат на канадскиот премиер Џастин Трудо. Грентам имал три пиштоли во својот автомобил, муниција, десетина молотови коктели, материјали за кампување и насоки до семејната куќа на Трудо.

Тој на полицијата ѝ го претставил својот план за атентат врз канадскиот премиер, како и извадоци од приватен дневник кои биле прочитани на судот. За среќа, тој никогаш не стигнал до резиденцијата на Трудо, туку отишол во седиштето на полицијата во Ванкувер за да се предаде.

Обвинителството цитирало психијатриски извештаи кои укажуваат дека тој поминал низ „интензивен период на клиничка депресија“ за време на убиството, а извештаите исто така покажале дека Грантам „имал нагони да изврши насилство и да се самоубие“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk