Камерите го фатија принцот Хари како "краде" храна (ВИДЕО)

Војвотката од Сасекс организираше свечено претставување на својата книга рецепти, а на овој прием камерите уловија еден смешен гаф на принцот Хари, кој го насмеа светот.
Војвотката, Меган Маркл, издаде книга на најомилените рецепти за жени кои минатата година ги загубија своите домови во страшна несреќа, а оваа хуманитарна акција беше одлично поддржана од луѓе, но и од медиумите.

На претставувањето на книгата "Заедно: Кувар на нашата заедница" во Кенсингтонската палата се појавија голем број претставници, како и членови на кралското семејство, и најголемо внимание привлече нејзиниот сопруг Хари.

Поради тоа што бил многу гладен, Хари неможел да дочека да се заврши официјалниот дел за да јаде нешто. Се искраде од масата, и од поставениот кетеринг зеде неколку колачи.

Како би бил сигурен дека никој не го видел, ги стави позади грб, погледна околу себе и веднаш забележал камера. Кога сфати дека е фатен "во кражба", принцот го променил изгледот на лицето.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари