НА 14. СУНЧАНЕ СКАЛЕ

Калиопи и Каролина со награди

Калиопи ја доби Принчевата наградата за најдобар фестивалски настап, а Каролина за етно-албум на годината, на првата вечер на фестивалот Сунчане скале, завчеравечер во црногорскиот град Херцег Нови. Калиопи во конкуренција со "Регина" и уште неколку други изведувачи од поранешна Југославија победи во категоријата "Најдобар фестивалски настап" за песната "Мени је име", која ја изведе минатиот месец на фестивалот "Песна на медитеранот" во Будва. Каролина за етно албумот "Македонско девојче" ја подели наградата со Милица Дугалиќ- Милосављевиќ. Година, поради светската криза, фестивалот по 14 години одржување на Канли кулата е преместен на градскиот плоштад. Хрватската поп ѕвезда Северина беше два пати наградена: за албум на годината (Здраво Маријо) и за песната "Тридесетте" која е избрана за најдобра песна. И црногорскиот кантавтор Владо Георгиев доби две награди: за сингл на годината и за хит на годината.

Вечерва на главната вечер, Песна на летото три македонски песни ќе се борат за главната награда: Калиопи и Наум со дуетот: "Рум, дум, дум,", Влатко Илиевски со "Најбогат на свет" и Ристо Самарџиев заедно со Зоран Џорлев и песната "103 бели лебеди".

(А. Ѓ.)


Поврзани

Најнови вести

Коментари