По „пробната“ венчавка во Лас Вегас, Кортни Кардашијан (43) и Тревис Баркер (45) официјално се венчаа оваа недела, пренесува магазинот Пипл. Кардашијан и Баркер се венчаа во Санта Барбара опкружени со најблиските пријатели и членови на семејството. Парот наводно планира голема свадба во Италија.

– Мораа да се венчаат легално пред нивната голема италијанска венчавка, која ќе се случи многу наскоро. Сите детали се веќе утврдени и целото семејство, вклучително и сите деца, е многу возбудено, изјавил извор за Пипл.

Откако се појавија фотографии од интимната венчавка, фановите останаа шокирани од изборот на венчаница на Кортни. Имено, таа облекла кратка венчаница од модниот бренд Долче и Габана, додека на косата ставила бел превез кој и го покривал лицето. Ултра кратката венчаница ги покажа нејзините нозе во кадифени црвени салонки со високи потпетици.

 

Кортни претходно се пожали дека се здебелила поради хормонски терапии, а сето тоа во желба да забремени. Меѓутоа, хормонските терапии ја турнале во предвремена менопауза, а со тоа и во депресија.

Иако ја пронајде љубовта на својот живот, таа често е нерасположена и на работ на солзи, што може да се види и на фотографиите.

По церемонијата младенците со стар црн кабриолет со натпис „Just Married“ се упатиле до ресторанот каде ја продолжиле прославата.