Љубовниот живот на Хајрудин Хари Варешановиќ, фронтменот на популарната група „Хари Мата Хари“, во минатото бил доста интригантен.

Имено, пејачот во младоста се заљубил во Аида, уште кога имал само 19 години, а се венчале на крајот на 1983 година. Церемонијата на заветување на вечна љубов и верност поминала интимно, без многу помпа, во кругот на пријателите, а две години подоцна (во 1985 година) се родила нивната ќерка Наѓа.

Варешановиќ во едно интервју признал дека во тоа време бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси една деценија подоцна (во 1994 година) во бракот со Аида го добил и синот Дамир.

Сепак, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот две години претходно (1992 година) добил и вонбрачен син Мак, за кого како и самиот Хари дознал многу подоцна во животот, што било само една од причините за распадот на неговиот брак со Аида.

Дополнително, Варешановиќ отворено проговорил за тоа дека уште во далечната 1994 година ја запознал својата втора сопруга Јасминка и дека дури тогаш сфатил што е вистинска љубов.

Во интервјуто што го дал за „Пулс“, сега далечната 2006 година, пејачот отворено зборувал за природата на првиот брак со Аида.

– Навлегов во музиката поради музиката, а не поради работите што ја придружуваат музиката. Никогаш не сум имал проблем со дрога, алкохол или коцкање. Единствено што не зачував беше мојата сопруга, а тоа е еден од нуспроизводите што оди со музиката, и тоа е мојот омилен порок. Имав мали тензии со сопругата, но ретко. Секогаш и велам: “Кој е крив? Ти си избра сама. Ти ме избра мене, не јас тебе”. Веќе бев дефиниран како музичар на 20 години и мојот животен пат беше познат. Иако, сè во животот може да се надмине и преброди. Останав во брак со жена ми, компромисен брак. Поради децата – изјавил тогаш Хари, признавајќи дека цела деценија живее на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која подоцна се ожени (во 2010 година), по разводот со Аида.