logo
logo
logo

Како Елвис Присли СРЕДЕ КОНЦЕРТ ГИ РАЗОЧАРА И НАВРЕДИ ФАНОВИТЕ

Vecer | 22.07.2021

Како Елвис Присли СРЕДЕ КОНЦЕРТ ГИ РАЗОЧАРА И НАВРЕДИ ФАНОВИТЕ

Животот на Елвис Присли е добро документирана приказна за подемот и падот на еден од најголемите музички таленти на сите времиња. Кралот на рокенролот беше сакан и обожуван низ целиот свет, но, особено во последните години од неговиот живот, тој направи потези што малкумина можеа да ги разберат.

Елвис Присли достигна невидени височини на популарност, освојувајќи ја титулата „крал на рокенролот“ засекогаш, но последните години од неговиот живот беа обележани со прилично хистерично однесување, проблеми со алкохолот и „невешти“ настапи на заспан и претежно дрогиран изведувач.

Елвис допре една од најниските скали во животот на 20 јули 1975 година, за време на концерт во Норфолк, Вирџинија.

Очигледно под дејство на наркотици, Присли навредил околу 11 000 луѓе во публиката откако тој се пожалил на сред концерт дека „дишат во него и смрдат“ затоа што јаделе премногу зелени пиперки и кромид. Присли не застанал тука, но продолжил да има „проблем со воздухот“ на сцената, бидејќи се чинело дека неговите придружни вокали, четворица Афроамериканци од групата „The Sweet Inspirations“, изеле премногу сом, пишува порталот Listverse.

Овој вид коментар е протолкуван како расистички и двајца од четворицата пејачи ја напуштиле сцената истовремено. Сепак, поверојатно е дека коментарот бил само кулминација на прилично бизарните изјави што Елвис им ги дал на неговите придружни вокали, пишува Historical Entertainer.

После концертот, Присли јавно се извини, велејќи дека не мислел на ништо лошо и дека забелешката „звучела смешно“ во тоа време, а пејачите повторно му се придружиле на сцената следната вечер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk