logo
logo
logo

Како да не сум тој на телевизија: Актерот имал 8 мозочни удари, не памти сцени од серијата

Vecer | 12.01.2022

Како да не сум тој на телевизија: Актерот имал 8 мозочни удари, не памти сцени од серијата

Актерот Френки Муниз, најпознат по улогата во телевизискиот ситком „Malcolm in the Middle“, во интервју зборуваше за неговата здравствена состојба и гласините кои ја придружуваат.

Муниз беше гостин во подкастот „Steve-O's Wild Ride!“ каде што рече дека кружат бројни неточни информации за неговата здравствена состојба.

„Ако го пребарувате моето име, ќе најдете само приказни за тоа како го изгубив сеќавањето или умрев од срцев удар“, рече тој.

Рече дека со години се занимавал со спорт и трки и дека во периодот од 2012 до 2013 година доживеал дури 8 мозочни удари. Тој додаде дека му пречат честите погрешни толкувања на неговото здравје, бидејќи всушност има само мигрена како последица на се што му се случило.

Тој се осврна и на проблемите со меморијата.

„Со текот на годините често мислев зошто меморијата ми е полоша. Единствената логична причина се мозочните удари. Но, кој може да се сети на секој детаљ во животот? Никој, па ни јас", изјави Муниз.

Тој додаде дека понекогаш гледал епизода од серијата, но признава дека не се сеќава на повеќето работи од тој период.

„Како да не сум јас тој на телевизија и тоа малку ме растажува“, заклучил актерот.

Муниз стана татко минатата година, а доби дете со сопругата Пејџ Прајс, со која се венча во февруари 2020 година по четири години врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk