logo
logo
logo

Се смирија?!

Кајли Џенер и Тревис Скот објавија заедничка фотографија: „Дали е ова официјална потврда?“

Vecer | 16.06.2021

Кајли Џенер и Тревис Скот објавија заедничка фотографија: „Дали е ова официјална потврда?“

Најмладата членка на семејството Кардашијан, ријалити ѕвездата Кајли Џенер на својот профил на Инстаграм профил објави фотографија со своето поранешно момче Тревис Скот, а со тоа навести дека по две години ја обновиле својата романса.

Имено, Кајли со раперот ја има ќерката Сторми. Кога решија да ја прекинат својата двегодишна врска во 2019 година, тие се согласија и за старателството над нивната мала ќерка. Сè било постигнато без интервенција на адвокат и одење на суд, а тие се согласиле и двајцата родители подеднакво да се грижат за девојчето.

За нивното помирување веќе се шпекулираше, но двојката никогаш не го потврди тоа. На Инстаграм, фановите на Тревис и Кајли забележаа дека често се дружат, но сето тоа беше оправдано поради нивната ќерка Сторми.

Со новата фотографија тие покажаа дека можеби станува збор за обновена романса. Имено, парот позира во нивниот познат стил. Тревис зад Кајли со рацете околу половината и гледајќи во подот додека згодната Кардашијан гледа во камерата и позира во секси поза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

24 часа во Њујорк - напишала Кајли во описот на фотографијата.

Дека фановите се воодушевени покажува и фактот дека фотографијата собра повеќе од 6,7 милиони лајкови во рок од четири часа, а прва што им коментираше беше полусестрата на Кајли, Клои Кардашијан, која неодамна ја обнови љубовната врска со Тристан Томпсон. Им остави пет коментари кои содржеа емотикони со круната и кафеави срца.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk