logo
logo
logo

КАДЕ Е ОБЛЕКАТА?! Скандалозни изданија на црвениот килим кои го шокираа светот

Vecer | 28.06.2022

КАДЕ Е ОБЛЕКАТА?! Скандалозни изданија на црвениот килим кои го шокираа светот

Скандалозни модни комбинации синоќа го потресоа Лос Анџелес каде се одржа церемонијата на доделување на наградите БЕТ. Овие награди традиционално се доделуваат од година во година на најзаслужните Афроамериканци во шоу-бизнисот, било да е тоа актерство, музика, спорт или телевизија.

Како по обичај, и оваа година на црвениот тепих прошетаа многу познати убавици. Сепак, иако се очекува популарните дами да се облечат во согласност со настанот и елеганцијата што ја носи, ѕвездите овојпат едноставно немаа срам.

Познатите дами не пропуштија да ја заскокоткаат фантазијата на публиката, ако тоа воопшто може така да се нарече, а не да понудат чиста порнографија, со провокативните изданија.

Имено, пејачката Самер Вокер се појавила со практично целосно голи гради - со златни налепници ги заштитила само брадавиците од погледите, а нејзината колешка - раперката Лакеја во еден момент го подигнала свилениот, црн фустан и му ги покажа гаќичките на целиот свет.

Погледнете и вие ќе си го поставите истото прашање - и ова ли е мода за свечено доделување награди?!

[gallery columns="4" ids="1078619,1078620,1078621,1078622,1078623,1078624,1078625,1078626,1078627"]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk