Јосипа Лисац објави фотографија што разбуди носталгија кај колегите

На официјалниот профил на музичката ѕвезда беше објавена фотографија од минатите времиња и нејзината дружба со колегите Тони Цетински, Масимо Савиќ и Дадо Топиќ. Овој убав спомен создаден во 1997 година пред концертната изведба на рок-операта „Губец-бег“ ги одушеви пејачите, но и нивните следбеници на социјалните мрежи.

Koncertna verzija Gubec Bega(1997) Prepoznajete li ih? Massimo (Official), Tony, Josipa i Dado 😊🎹🎼🎤

Gepostet von Josipa Lisac am Montag, 17. September 2018

„Време кога луѓето, едноставно, се сакаа, поддржуваа и се почитуваа меѓусебно. Благодарам, Јосипа Лисац. Прекрасно сеќавање на изведбата во живо на легендарната рок-опера ‘Губец-бег’“, напиша Тони Цетински кај кого оваа фотографија предизвика чувство на носталгија.

„Времето лета, (фото)спомените извираат. Благодарам за ова изненадување, Јосипа Лисац!“, ѝ порача Масимо Савиќ на својата сакана колешка Јосипа Лисац, една од најголемите хрватски уметници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари