НОВА ПЕСНА И СПОТ

Јоце Панов има „Вирус"

Пејачот Јоце Панов деновиве ја промовираше својата нова песна насловена „Вирус" за која веќе сними и спот.

Песната е во издание на продуцентска куќа „Сити Рекордс", а е авторско дело на Горан Јовановиќ кој се потпишува на текстот, музиката и аранжманот. Проектот е снимен во студиото „Анастасија", а за комплетното музичко дело, открива Панов, биле ангажирани Љупчо Павловски (аудио обработка), Таир Аљуш (виолина), Трајче Ставревски (бузуки), Ставре Ставрев (тапани и перкусии), Дарко Тасев (акустична и електрична гитара), Никола Автовски – Авто (бас гитара). Придружните вокали, пак, се отпеани од Јоце и Сара.

Видеозаписот за „Вирус", пак, е снимен во 4к резолуција на неколку локации во Грција под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а во него се појавува и манекенката Ангела Ставреска од модното студио „Црнокрак".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари