Јелена Карлеуша промовира марихуана: Еве зошто поп ѕвездата ја снимила контраверзната песна

Јелена Карлеуша се залага за легално користење на канабис во медицинска цел откако нејзината мајка Дивна се разболела од рак на плуќа. Таа тема е битна во Србија поради се повеќе заболени од канцер, порачува ЈК.

Таа тврди дека дека снимила песна "Марихуана" со "Милиграм" за да го промовира користењето на оваа лесна дрога во медицинска цел.

Јелена никогаш јавно не сакала за зборува за болеста на мајкаи, но тоа неодамна го направила нејзината пријателка Марина Туцаковиќ, која се бори со рак на дојка.

-Дивна има своја диагноза на рак, а ја своја. Таа помина низ поголем пекол отколку јас – рекла Марина.

Карлеуша и сега не сака да зборува отворено за борбата на својата мајка, нити да потврди дали Дивна конзумирала марихуана, кои поединци тврдат дека ги намалува болките на заболените од канцер.
Сепак, Јекена нагласила дека поради луѓето кои се мачат со оваа тешка болест одлучила да снима ваква провокативна песна.

Иако пеачката тврди дека само поради оваа мисија прифатила да ја сними "Марихуана", не е сосема јасно на кој начин Јелена промовира користење на канабис бидејќи во песната не пее за лекување.
Во видео спотот нјдобро може да се слушне за што пее ЈК:

Поврзани

Најнови вести

Коментари