logo
logo
logo

Јелена Карлеуша на вакцина дојде облечена како за на журка: Под стрес сум! (ФОТО)

Vecer | 06.05.2021

Јелена Карлеуша на вакцина дојде облечена како за на журка: Под стрес сум! (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша прва се вакцинираше во трговскиот центар „Ушче“, како дел од новата акција за вакцинирање во трговските центри во Белград.

Карлеуша пристигна во „фенси“ издание, во бело здолниште и јакна, надополнето со златни ланци и детали.

Пејачката прва во Србија прими вакцина во трговски центар. Таа ја прими вакцината „Фајзер“ и рече дека одлучила да ја искористи својата популарност на најдобар начин и ги повика сите да се вакцинираат.

По примањето на вакцината Јелена за медиумите изјави дека „не ни почувствувала, буквално“.

"Буквално не ни почувствував, се чувствувам одлично. Повеќе сум под стрес дека има толку многу луѓе околу мене, има многу новинари. Се вакцинирав со „Pfizer ", инаку јас сум некој што не прележал коронавирус, немам антитела, но од почит кон здравствените работници и жртвите на ковид и нивните семејства, поради почит кон луѓето кои заслужуваат нормален живот, решив да ја искористам можноста. Одлично е што можеме да избереме вакцина во Србија“, рече Јелена.

Над 20 новинари го следеа целиот процес додека пејачката се вакцинираше.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk