logo
logo
logo

Јелена Карлеуша: Јас сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез!

Vecer | 29.04.2021

Јелена Карлеуша: Јас сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез!

Српската пејачка Јелена Карлеуша вели дека ѝ смета што сите се воодушевуваат и ја фалат пејачката и актерка Џенифер Лопез кога се соблекува и објавува фотографии на кои е гола, а нејзе ја судат, пишува „24 сата“.

„Сите сте лицемери. Да не зборувам за тоа дека сум далеку подобра „риба“ од Џенифер Лопез, а и десет години помлада. Сè што е странско ни е врвно, а нашето го плукаме… Кој ли знае во која дупка на животот би била кога би слушала што има да ми каже Балканот“, вели лутата Карлеуша.

Таа додава дека всушност е најдобро облечена на сцената, дури и кога е гола.

„Јас сум најдобрата мачка на овие простори. А што мисли мнозинството за мене е исто толку важно како и резултатите од изборите во Боцвана во Африка! И да, сосема е небитно дали имам 20, 30, 40 или 150 години… Не ме интересираат тие бројки и тие параметри“, вели пејачката.

Инаку, оваа реакција доаѓа откако медиумите ја обвинија Калеуша дека ја копирала Џенифер Лопез во облекувањето.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk