logo
logo
logo

(Видео)

Јасмин го „ИСКИНА“ Дино Мерлин! Сними кавер за одличната балада

Vecer | 24.09.2021

Јасмин го „ИСКИНА“ Дино Мерлин! Сними кавер за одличната балада

Талентираниот Јасмин Алиевски деновиве сними кавер за одличната балада на Дино Мерлин со наслов „Један дан, једна ноќ“ и покажа дека иако одамна го нема на домашната сцена не заборавил да пее. Напротив, судејќи по коментарите под видеото Јасмин не пее, туку одлично го прави тоа, а, како што некој напишал, подобро звучи и од оригиналот.

- Можеби не сум толку активен колку што би требало, но не значи дека така ќе остане и во иднина. Во моментов работам на нешто ново, а додека јавноста да го слушне и види тоа во план ми се уште неколку кавери и тоа за песни кои ми се допаѓаат и кои мислам дека можам да ги донесам онака како што доликува, вели младиот пејач кого јавноста го памети по настапите во шоуто Ѕвездите на Гранд, но и неколку домашни фестивали меѓу кои Охрид фест, Макфест...

Слушнете го каверот и проценете дали оној кој напишал дека е подобар од оригиналот е во право:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Kphss27Mmdg&ab_channel=JasminAlievskiOfficial[/embed]

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk