logo
logo
logo

ЈАС СУМ ДОДОЛА РАЖНАТОВИЌ: Цеца ни дожд не ја спречува да настапи, еве како коментирала што дечкото Богдан ја гледал од ПРВИОТ РЕД

Vecer | 04.08.2021

ЈАС СУМ ДОДОЛА РАЖНАТОВИЌ: Цеца ни дожд не ја спречува да настапи, еве како коментирала што дечкото Богдан ја гледал од ПРВИОТ РЕД

Пејачката Цеца Ражнатовиќ ни климатските услови не ја спречуваат да го одржи настапот

Фолкерката сега ги насмеала сите со изјавата по тој повод.

“Од денес јас сум Додоле Ражнатовиќ, бидејќи го повикувам дождот. Во Љубовија, таа нас не ни сметаше воопшто, но вечерва ја поместивме за половина час. Многу ми е драго што се одржа концертот јас кажав ако има дожд, јас за тие луѓе ќе излезам бина и ќе одржам концерт“, рекла Цеца

“Мене ми е задоволство да ја испочитувам мојата публика, и ако на нив не им е тешко да киснат на тој дожд, да се смрзнуваат по кијамети и снег, на минус да се здрват сто пати... Па можам и јас“, заклучила Ражнатовиќ.

Во еден момент на бината го отпеала големиот хит на својата ќерка Анастасија...

Малку се пошегував и почнав да пеам, публиката продолжи. Тоа беше феноменално. Фала му на Бога нема тука несогласувања и вкусот. Се разбираме, јас просто знам што е за неа, а што е за мене“, вели Цеца.

На концертот присуствувал и нејзиниот дечко Богдан Сјеровиќ.

“Јас сум професионалец кој опстојува 34 години. Не зависам од тоа дали на концертото ќе бидат пријатели, партнерот, децата или семејството.Ова е моја работа и јас исклучиво сум посветена кога работам“, заклучила Цеца..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk