Тажно

Ја загуби битката со ракот!

Босанската пејачка Дона Ареа почина после долга и тешка битка со болеста

Пејачката Дона Арес која три пати водеше битка со ракот вчеравечер починала во својот роден Бихаќ. Таа е родена на 1 јануари 1977 година, а со музика се бавела уште од дете. 

Нејзината борба со болеста беше тешка, а таа редовно ги известуваше своите фанови на друштвените мрежи за здравствената состојба, инаку боледуваеш од рак на дојката. 

Азра Колаковиќ или Дона Арес почина на 40-годишна возраст.

Дона беше голем фан на нашиот Тоше Проески, и таа беше дел и од големиот концерт насловен "Тоши заувјек" што во 2008 година се одржа во нејзиниот град. На концертот Дона ја отпеа темата "Зајди, зајди" која како што ни кажа тогаш ја засакала токму заради Тоше.

"Ја одбрав "Зајди, зајди" затоа што Тоше ни покажа како таа се пее. Пред тоа воопшто и не ја сакав бидејќи ја пееше кој ќе стигне. Тоше беше вистинско пејачиште", рече тогаш Дона.

Поврзани

Најнови вести

Коментари