Пет групи ќе се борат за главната награда

Избрани учесниците на ''Рок фест”

Најдобрата група како награда ќе добие можност за снимање албум. Исто така, традиционално ќе биде избран и најдобриот гитарист на фестивалот.

По едномесечниот оглас за пријавување на бендовите конечно се одбрани групите кои на 17 декември, во денсинг салата во МКЦ, ќе настапат на јубилејното 30. издание на "Рок фест".

Палиндром, Колт, Смоук шејкерс, ТВ рејџ и Визија се бендовите кои ќе застанат на големата сцена, а нивната музика се движи од класичен рокенрол, преку хард-рок, алтернативен рок, гранџ, па се до експериментален и нојз звук. Со својата музика и музицирање ќе се обидат да ја освојат публиката и жирито и воедно да ја однесат фестивалската победа.

Најдобрата група како награда ќе добие можност за снимање албум. Исто така, традиционално ќе биде избран и најдобриот гитарист на фестивалот.Влезот е бесплатен.

Поврзани

Најнови вести

Коментари