logo
logo
logo

Избрани НАЈЛОШО облечените евровизиски претставници. Што велите?!

Vecer | 31.05.2021

Избрани НАЈЛОШО облечените евровизиски претставници. Што велите?!

Магазинот Songfestival ги избрал најлошо облечените учесници на овогодинешната Евровизија, а меѓу нив е и хрватската претставничка Албина.

Победник, односно најлошо облечен учесник е Норвежанецот Тикс, кој на бината во Ротердам имаше долга бела бунда, светкаво одело и крилја.

На второто место е претставничката на Романија, Роксен, додека Албина Грчиќ е на третата позиција.

Порталот наведува дека меѓу Роксен и Албина разликата е само еден глас.

Evrovizija, Stajling, Albina

Четвртото место му припаднало на Британецот Џејмс Њуман, а на петото е претставничката на Ирзаел, Еден Ален.

Džejms Njuman, Evrovizija, Stajling

Наградата за најлошо облечен учесник на Евровизија инаку навистина се доделува веќе 24 години по ред и се вика Барбара Декстер, по белгиската пејачка која во 1993 година е прогласена за најлошо облечена на Евровизија. Оваа награда ја понесе и нашиот претставник Мартин Вучиќ, кој беше изгласан за најлошо облечен евровизиски претставник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk