logo
logo
logo

ИТАЛИЈАНЕЦОТ КОЈ ГИ ОСВОИ ЖЕНСКИТЕ СРЦА: Ме привлекуваат постари девојки, ама оние со тело каде се е на свое место!

Vecer | 27.05.2021

ИТАЛИЈАНЕЦОТ КОЈ ГИ ОСВОИ ЖЕНСКИТЕ СРЦА: Ме привлекуваат постари девојки, ама оние со тело каде се е на свое место!

По победата на овогодинешната Евровизија, младиот Италијанец Дамијано Давид (22) стана секс симбол преку ноќ.

Фронтменот на бендот „Манескин“ за кого многумина мислеа дека е слободен, откри дека е во четири годишна врска со Џoрџа Солери која е постара од него три години.

Тој во една прилика на социјалните мрежи откри каков тип на жени го привлекуваат, пренесува „Metropolitana“.

„Нема тип на жени кои не ми се допаѓаат. Секоја жена ја сметам за убава. Сакам многу слаби девојки со мали гради, но сакам и девојки со изразени облини и големи гради. Сакам на женското тело да е сè на свое место и без претерување. Сакам убави девојки – сите ги сакам“, изјавил пејачот своевремено.

Тој исто така проговорил и за своето прво сексуално искуство:

„Имав 13 или 14 години, а девојката беше постара од мене. Постарите девојки секогаш ме привлекуваат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk