logo
logo
logo

Испливале детали за раскинувањето, ова е причината поради која Драгана Мичаловиќ ја откажала свадбата со богатиот бизнисмен

Vecer | 28.04.2021

Испливале детали за раскинувањето, ова е причината поради која Драгана Мичаловиќ ја откажала свадбата со богатиот бизнисмен

Глумицата Драгана Мичаловиќ (30) раскинала со бизнисменот Стеван Пуриќ (33) покрај зборувањата дека за оваа пролет планираат да се венчаат, додека сега исплаивале причините за крахот на романсата.

Драгана и Стеван ставиле точка на нивната љубов, додека за нивното закажување на венчање се шушкало уште од минатата година. Како што пишуваат медиумите, сватиле дека не се еден за друг, и дека Мичаловиќ решила целосно да се посвети на работните обврски и сеуште несака да се врзува.

Тие двајца според наводните пишувања на медиумите споразумно раскинале уште пред неколку недели, но глумицата несакала јавно да зборува.

Мичаловиќ и Пуриќ одлучиле да останат добри пријатели, и меѓу нив за време на раскинување не “летале предуви“, а дали така ќе остане ќе покаже времето.

Стеван Пуриќ е бизнисмен и сопственик на бензиска пумпа во Белград. Неговата бивша жена Јована своевремено се натпреварувала во “Ѕвездите на Гранд“. Со неа има три ќерки: Ника, Зара и Бјанка. Ника Пуриќ (12) е позната по учеството во музичкото натпреварување “Пинкови ѕвездички“, каде што постигнала многу добар успех.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk