logo
logo
logo

Исчезнал од јавниот живот - Дали Бора Чорба Е ТЕШКО БОЛЕН?

Vecer | 25.05.2022

Исчезнал од јавниот живот - Дали Бора Чорба Е ТЕШКО БОЛЕН?

Во последните неколку години се почесто се слушаат гласини дека Бора Ѓорѓевиќ има здравствени проблеми, а во прилог на тоа говори и фактот дека тој исчезнал од јавниот живот.

Кога бил виден низ Белград на почетокот на пандемијата со својата трета сопруга Дубравка, која е 28 години помлада од него, не можел да остане незабележан да оди со тешкотии, а некаде во тој период се зборувало дека бил хоспитализиран во Ургентен центар.

Фронтменот на „Рибља чорба“ ниту потврди ниту демантираше дека е болен, а писмено одговара на директни новинарски прашања дека бендот подготвува нов албум и со нетрпение ги очекува последните концерти.

„Не е точно дека Бора има рак на простата. Тој се чувствува добро. Секојдневно се слушаме“, рече клавијатуристот на „Рибља чорба“ Никола Зориќ на крајот на 2020 година и истакна дека Бора всушност не дава изјави затоа што, како и сите во групата, бил потиштен од смртта на Миша Алексиќ, кој почина како последица на короната.

На официјалната Фејсбук страница на „Рибља чорба“ се објавени фотографии од два концерта што ги имаа во Словенија од почетокот на годинава. Но, белграѓани последен пат го виделе Бора во живо минатото лето на Ташмајдан, на концертот одржан во чест на Миша Алексиќ и тогаш морал да седи за време на настапот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk