„Исцелител“ на најголемиот фестивал во Прага, „Фебиофест“

Филмот „Исцелител“ ќе биде прикажан на 25-тиот меѓународен филмски фестивал во Прага, што е најголем филмски фестивал во Чешка и втор по значење во земјата по фестивалот во Карлови Вари. „Исцелител“ ќе се прикажува во програмата „Балканско ехо“ на 18-ти, 19-ти и 20-ти март.

Оваа година на фестивалот ќе се прикажат повеќе од 160 долгометражни филмови во 15 категории. Во програмата „Балканско ехо“ заедно со „Исцелител“ се прикажуваат и други 9 филма меѓу кои е и „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска.

„Исцелител“ во првата половина на месец март имаше прикажувања и на „Косморама“ во Норвешка, „Бергамо филм митинг“ во Италија и „Софија филм фест“ во Бугарија.

„Фебиофест“ е основан во 1993 година. Започнал да се одржува во Прага во две мали кино сали, а за помалку од 10 години прераснал во фестивал со повеќе од 140 000 гледачи и бројни проекции кои се одржуваат во 43 кино сали. По завршување на фестивалот во Прага, дел од филмовите во склоп на фестивалот се прикажуваат и во други градови. Фестивалот нуди широк спектар на современи, високо квалитетни филмови, но и ретроспективи на стари филмови.
Во изминатите 20 години гости на „Фебиофес“ биле Нани Морети, Гаспар Ное, Том Тиквер, Клод Ла Луш и други.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари