logo
logo
logo

ЗАДОВОЛНА ОД СВОЈОТ ИЗГЛЕД: Ирачка актерка го тужи „Економист“ затоа што искористиле нејзина фотографија во напис за дебелина (ВИДЕО)

Vecer | 13.08.2022

ЗАДОВОЛНА ОД СВОЈОТ ИЗГЛЕД: Ирачка актерка го тужи „Економист“ затоа што искористиле нејзина фотографија во напис за дебелина (ВИДЕО)

Ирачката актерка Енас Талеб го тужи весникот „Економист“ за користење на нејзината фотографија за да илустрира напис за арапските жени за кои тврди дека се „подебели“ од мажите. Таа исто така тврди дека фотографијата е „фотошопирана“.

Познатата актерка и водителка на ток-шоу изјави дека веќе поднела тужба против британскиот весник, кој одби да коментира.

Во написот „Зошто жените се подебели од мажите во арапскиот свет“, објавен на крајот на јули, користена е фотографија на Талеб од пред девет месеци на меѓународниот фестивал во Вавилон во Ирак.

Во него се наведува дека сиромаштијата и социјалните ограничувања што ги задржуваат жените дома се меѓу причините зошто арапските жени се повеќе дебели од мажите.

Дополнителна причина, се наведува во написот, може да биде културна, имено тоа што мажите во арапскиот свет ги гледаат „облините“ како привлечни.

– Ирачаните често ја наведуваат Енас Талеб, актерка со обемни облини (на фотографијата) како идеал за убавина – пишува во написот.

Актерката го окарактеризира написот како „навреда за арапските жени и особено за Ирачанките“ и ги праша уредниците на весникот „зошто се заинтересирани за дебелите жени во арапскиот свет, а не за Европа или САД“.

Таа за магазинот „Њу лајнс“ изјави и дека е здрава жена и задоволна со својот изглед.

– Тоа ми е најважно – изјавила актерката.

Фото: enaastaleb/Instagram

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk