Инцидент на концертот на Хари Стајлс: Фановите во првите редови се задушуваат (ВИДЕО)

Имено, неговите обожаватели почнале да се гушат и да се онесвестуваат.
Британецот од сцената видел што се случува со фановите или осуммина од нив кои биле пред него и го прекинаа концертот за да им помогне и заштити. Стајлс побара од останатиот дел од публиката да се оддалечи од луѓето во првите редови за да спречи уште поголема трагедија.
„Возбуден сум што сум овде и знам дека ќе биде одличен концерт, но најважно е луѓето да се безбедни. Овде е многу жешко и има многу луѓе, ве молам тргнете неколку чекори назад, но многу, многу бавно“, рече Стајлс од сцената.
На Твитер може да се најдат различни коментари од луѓе кои биле на стадионот Колосеум Лајв, каде што имало 24.000 луѓе, а еден посетител напишал дека се плашел за својот живот.
“Бев во делот “Платинум” и за малку ќе умрев. Човекот мораше да го прекине концертот бидејќи се гушевме”, напишал еден од фановите на Твитер, а на една од снимките се слушаат фановите како му викаат на Хари дека немаат воздух и се гушат.
Harry Styles detiene su show en Bogotá pidiendo seguridad y calma a todos los asistentes!
Cuidémonos entre todos ❤️🩹 #HarryEnColombia #HarryStyles pic.twitter.com/nPEhpL40fI
— LOS40 Colombia (@los40colombia) November 28, 2022
Инаку, луѓето чекале шест часа за да влезат на стадионот во Богота.