logo
logo
logo

Инстаграм и ги избриша голишавите фотки на Мадона - Пејачката збесна: „А не ви пречат машките брадавици? Чист се*сизам“

Vecer | 26.11.2021

Инстаграм и ги избриша голишавите фотки на Мадона - Пејачката збесна: „А не ви пречат машките брадавици? Чист се*сизам“

Последните разголени фотографии на Мадона (63) на кои, меѓу другото, ја покажа и својата гола брадавица, „преживеаја“ на Инстаграм само еден ден. Пејачката во средата повторно ги објави, но овој пат цензурирани и се пожали дека според неа постапиле крајно неправедно од Инстаграм.

- Повторно објавувам фотографии кои Инстаграм ги отстрани без предупредување или известување... Причината за отстранувањето, кое им го дадоа на моите менаџери кои воопшто не управуваат со мојот профил, беше тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата -  напиша поп кралицата во описот на постот.

- Сè уште ми е неверојатно што живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од анатомијата на жената што може да се сексуализира. Брадавица која храни бебе! Зарем машката брадавица не може да биде еротска? А што е со женскиот задник кој никогаш никаде не е цензуриран? додаде таа.

- Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум низ четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во согласност со лагите во кои бевме израснати, да веруваме во приказните за аџиите кои мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок! Господ да ја благослови Америка – заклучила Мадона, а во коментарите многумина се сложиле со неа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk