Музичарот Дејвид Ковердејл, лидер на бендот Whitesnake, во подкастот „Appetite For Distortion“ изјави дека го напушта бендот по завршувањето на прошталната турнеја, но нема да се пензионира, туку планира да работи на нови проекти во иднина.

Бендот требаше да одржи проштална турнеја минатата година, но беше одложена поради пандемијата.

– Планирав да се пензионирам по турнејата во 2020 година, кога имав 69 години. Мислев дека е одлично време да се збогувам со бендот. За жал, тоа не се случи … Но, не се залажувајте. Ова е мојата проштална турнеја. Имам 70 години и физички ми е многу тешко секој пат да ги подготвувам најдобрите настапи, но исто така ми е многу важно да ги доведам работите до крај и искрено да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме поддржуваат пет децении. Педесет години … Тоа е мозочно лудило – рече тој.