logo
logo
logo

Илон Маск ГО СУСПЕНДИРАШЕ Твитер профилот на Канје Вест: Дадов сè од себе, но тој ги прекрши правилата

Vecer | 02.12.2022

Илон Маск ГО СУСПЕНДИРАШЕ Твитер профилот на Канје Вест: Дадов сè од себе, но тој ги прекрши правилата

Само два месеци откако му беше обновен профилот, Твитер повторно го суспендираше Канје Вест. Раперот, пишува  Reuters, повторно ги прекршил правилата на однесување на оваа социјална мрежа.

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, кој себеси се нарекува апсолутист кога е во прашање слободата на говорот, го поздрави враќањето на профилот на раперот во октомври оваа година.

- Дадов сè од себе, но и покрај ова тој повторно го прекрши нашето правило за забрана на поттикнување насилство. Неговиот профил ќе биде суспендиран - изјави Илон.

elon musk

Во четвртокот, на 1 декември, Канје веќе беше баниран за една објава во текот на денот. Профилот беше суспендиран еден час откако Маск му одговори на корисник на Твитер кој му рече:

- Илон поправете го Канје ве молам.

FILE PHOTO: NFL: Super Bowl LVI-Los Angeles Rams at Cincinnati Bengals

Странските медиуми побараа коментар од Твитер на оваа тема, но се уште нема одговор.

Инаку, Твитер го врати профилот на раперот непосредно пред Маск да ја преземе социјалната мрежа, која ја плати 44 милијарди долари. Најбогатиот човек на светот тогаш објасни дека нема никаква врска со враќањето на сметката на познатиот рапер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk