logo
logo
logo

И владејачкото семејство на Монако добива своја ТВ-серија

Vecer | 26.05.2023

И владејачкото семејство на Монако добива своја ТВ-серија

Британското кралско семејство има многу замерки за продукцијата на серијата „Круна“ (The Crown), што ја прикажува нивната семејна историја во шест сезони, но според познавачите, серијата е и заслужна за зголемувањето на популарноста на кралската куќа... Кнежевското семејство на Монако, од друга страна, се чини самото е подготвено „да им ја сервира“ својата приказна на гледачите.

Тоа би го следело владејачкото семејство Грималди сегашниот принц Албер Втори и принцезата Шарлин, како и нивните претходници, починатиот принц Рение Трети, кој се ожени со холивудската глумица Грејс Кели. Но, прво се планира филм, а подоцна тоа можеби ќе се развие во ТВ-серија. Сепак, овојпат проектот и продукцијата се во рацете на оние на кои најмногу им веруваат - самото владејачко семејство.

Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, инаку внуци на Грејс Кели - Андре Казираги, Пјер и неговата сопруга - Беатрис Казираги (родена со презимето Боромео).

Називот на првиот филм е „Part I - The Rock“ („Поглавје I - Каменот“), и тој ќе се сосредоточи на првото заземање на Кнежевството Монако од страна на Франческо Грималди кон крајот на 13. век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против светиот римски император, тие станале господари на Монако во 15. век. Секој принц (кнез) од Монако го носи презимето Грималди, а тоа го прави најдолговечното владејачко семејство во Европа.

Според развојот на настаните, постојат амбиции и за цел серијал филмови, а можеби и за серија, бидејќи историјата на Грималди е повеќевековна.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk