logo
logo
logo

И Том Круз против „Златните Глобуси“, ги врати добиените статуетки!

Vecer | 11.05.2021

И Том Круз против „Златните Глобуси“, ги врати добиените статуетки!

Том Круз се придружи на револтот на филмските студија и стриминг платформите и ги врати златните глобуси што ги освои за филмовите „Роден на 4 јули“, „Џери Мегваер“ и „Магнолија“.

Во Холивуд се зголемува револтот кон организацијата која ги доделува овие филмски и телевизиски награди. Исто така ТВ-мрежата Ен-Би-Си објави дека нема да го пренесува следното доделување на Златните глобуси

Ен-Би-Си, која ја пренесуваше церемонијата од 1996 година, соопшти дека нема да го емитува следното шоу зашто сака да види значајни реформи во Холивудското здружение на странски новинари (ХЕПА), кое се обвинува за недостиг на различности и за други етички прашања.

ХЕПА претходно најави дека ќе вклучи повеќе црни членови и ќе направи други промени во наредните 18 месеци. Членовите на ХЕПА исто така се обвинуваат за расистички и сексистички забелешки и за примање услуги од славни личности и филмски студија.

„Ако организацијата го спроведе својот план, за што треба многу време и работа, ние се надеваме дека ќе можеме да го пренесуваме шоуто во јануари 2023“, соопшти Ен-Би-Си.

ХЕПА се соочи со жестоки критики откако „Лос Анџелес тајмс“ во февруари објави дека таа немала ниеден црн член во последните 20 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk