logo
logo
logo

И Стивен Спилберг преоѓа на НЕТФЛИКС

Vecer | 23.06.2021

И Стивен Спилберг преоѓа на НЕТФЛИКС

АМБЛИН Партнерс и Нетфликс склучија договор според кој компанијата, предводена од Стивен Спилберг, ќе снима неколку филмови секоја година за овој сервис.

Иако Спилберг беше еден од противниците на стриминг филмови во трката за Оскар, тој малку ја ублажи реториката и го јавна бранот на ексклузивни проекти за Дизни Плус, ХБО Макс и другите учесници во трката за внимание на гледачите.

Не е познато дали некои од филмовите ќе бидат во режија на Спилберг, но станува збор за два проекти годишно и се очекува Нетфликс да финансира дел од нив. Еден од филмовите на Нетфликс сигурно нема да биде следниот филм на Спилберг, полуавтобиографска драма во која играат Сет Роген и Мишел Вилијамс.

Што се однесува до самите филмови на Нетфликс, тие немаат строги финансиски и жанровски правила. Тие исто така можат да завршат во кината како што беше случај со „Ирецот“ и „Брачна приказна“.

Патем, Нетфликс и Амблин веќе соработуваа (Судскиот процес за Чикаго 7), а раководните лица на Нетфликс, Тед Сарандос и Скот Стубер, соработуваа со Спилберг кога тој беше на чело на Универзал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk