ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА И ВО РУСИЈА

И Путин ја слушна "Текила и лимон" на Елена Ристеска!

Пејачката ја сподели веста на социјалните мрежи, воедно најавувајќи го и видеото за ремиксот од руските диџеи "Беверли Пилс", кој беше и првата верзија што ја слушнавме на почетокот на летото.

Неодамна објавеното видео за темата "Текила и лимон" од Елена Ристеска ја доживеа својата официјална премиера и во Русија, каде што синглот е објавен под капата на издавачката куќа "Ефектив рекордс".

Пејачката ја сподели веста на социјалните мрежи, воедно најавувајќи го и видеото за ремиксот од руските диџеи "Беверли Пилс", кој беше и првата верзија што ја слушнавме на почетокот на летото.

По македонската премиера, темата наиде на позитивни, но и негативни критики од публиката, а видеото на "Јутјуб" досега има собрано речиси 300.000 прегледи.

Пејачката по само неколку дена од промоцијата изјави дека е среќна што успеала домашната јавност да ја отргне од политиката за момент со оглед на тоа што сите ја коментираа нејзината песна.

Поврзани

Најнови вести

Коментари