Брена откри дека на 31 декември ќе настапи во белградскиот Сава центар. „Се гледаме, вашата Брена ве сака!“ напиша таа во објавата и го додаде текстот на песната на Квин, The Show Must Go On.
За потсетување, пејачката во средата беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија, каде што заврши на операција по концертот. Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.
„За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на концертот на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад, ја скршив ногата. Не сакав да престанам, но за љубовта на сите вас во Арената, продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да закрепнам, вашата љубов, поддршка и трпение во овој период. Ви благодарам од сѐ срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи.
„Несреќата се случи кога член на техничката екипа случајно падна од бината во спуштен лифт и се здоби со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекаше своето појавување пред публиката и така беше повредена.
И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно и до крај изведе многу напорниот концерт, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови“, објавија од Екстра ФМ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата