УТРЕВЕЧЕР ВО КАСТРО

Хип-хоп журка со Клан Исток

Хип-хоп дружината Клан Исток утревечер во дискотеката Б2 ќе го одржи концертот насловен Координирано дело. Момците поддршка ќе добијат од ДЏ Буги мен, а самиот настан ќе значи координирање на сите граѓани во урбаниот живот и отсликување на истиот воопшто во уметноста во нашата држава.

Концертот е замислен како спектакл, инаку во режија на Војо Цветановски, поставен на повеќе места во самата дискотека, а централното место ќе им припадне на момците од Клан Исток, кои всушност од таму ќе ја координираат целата замисла. Како гости на вечерта ќе се појават Легијата, Тец и Аго, Пупе, диџеј Славе, а планирани се уште неколку изненадувања. Журката почнува во 21, додека настапот на Клан Исток стартува во 22.30 часот.

(А.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари