logo
logo
logo

ХАОС ВО ЗГРАДАТА НА ЏОГАНИ: Од станот на Ѓоле и Весна се слушале ВИКОТНИЦИ? Соседите сакале да повикаат полиција (видео)

Vecer | 07.05.2021

ХАОС ВО ЗГРАДАТА НА ЏОГАНИ: Од станот на Ѓоле и Весна се слушале ВИКОТНИЦИ? Соседите сакале да повикаат полиција (видео)

После скандалозната снимка, наводно следела кавга.

Како бомба одекнала веста дека Ѓоле Ѓогани ја изневерува сопругата Весна, после кадрите кои ги снимиле “Папарацо лов“ и на кои се гледа како денсерот бакнува некоја женска личност во кола.

Подоцна е откриено дека тое жена која Весна и Џоле ја познаваат 20 години, а сега соседите откриле дека после спорната снимка наводно се случил хаос.

“Доаѓаше кан нив во станот, таа може мајка да и биде на Весна, колку е постара од неа. Кога ги видовме во емисија како се бакнуваат, сите соседи беа шокирани. Тоа е главна тема во зградата, Сирота Весна. Дали е можно дека ја изневерувал пред нејзини очи... Срамота, истакнала една од соседите на Џогани, додека жена задолжена за хигиена на зградата открила дека дошло и до кавга.

“Петмина соседи од утрово ми рекоа дека ноќеска било хаос во зградата, некои помислиле да повикаат полиција. Од нивниот стан се слушало викање, драње и пцуења. Тоа се случило некаде околу 11 часот навечер, токму кога и снимката за швалерацијата на Џоле била прикажана и на телевизија“, додала таа.

Весна Џогани е сликана на улиците во Белград, ден после емитување на прилогот. Пејачката имала црни наочари и делувала како лицето да и е отечено, но изјава не сакала да дава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk