Хајди Клум (48) и нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц (31) се венчаа во 2019 година по двегодишна врска. Тие често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и не кријат дека се уште се многу вљубени.

Хајди и Том моментално уживаат на одмор на Средоземното Море, каде што на крстарење им се придружија пријателите. Манекенката објави фотографија од јахтата на својот профил на Инстаграм, на која позира топлес и ги крие градите со рацете.

– Ми ја стави најголемата насмевка на лицето, Том – напиша Хајди во описот на објавата, и се пофали дека нејзиниот сопруг ја фотографирал.

На фотографијата, моделот наскоро собра над 120.000 лајкови.

Фотографиите во костим за капење на профилот на Хајди не се невообичаени, па таа неодамна покажа завидна линија во виолетово бикини.