logo
logo
logo

Гоца Тржан за Тоше: Ми се јави пријателка и плачеше, НЕ МОЖЕВ ДА ВЕРУВАМ

Vecer | 07.06.2021

Гоца Тржан за Тоше: Ми се јави пријателка и плачеше, НЕ МОЖЕВ ДА ВЕРУВАМ

Пејачката Гоца Тржан проговори за смртта на македонскиот пејач Тоше Проески, со кого таа сними дует.

Таа се присети на моментот кога дознала за сообраќајната несреќа во која Тоше трагично го загуби животот.

„Јас бев свежо породена. Лена имаше две-три месеци. Ми се јави пријателка од Загреб и плачеше. Таа ме праша: 'Дали е вистина дека Тоше загинал?' Јас велам: 'Не лупај, како умрел?' Таа вели: „Вистина е“, видов видео како го извлекуваат во близина на Градишка од под камион“.

„За жал, не можев да одам на погреб поради мало бебе, тоа беше голем стрес за мене“, рече Гоца.

„Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада за да се запишам во книгата на жалости. По неколку години настапив  во Прилеп и отидов во неговиот роден град. Потоа отидов во Музејот и кај неговиот гроб. Некако се збогувавме  ние  двајцата. Имав голема привилегија да ја пеам „1200 милји“. Затоа мислам дека луѓето што се толку сакани и талентирани, никогаш не умираат “, рече Гоца Тржан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk