logo
logo
logo

Го поддржува Путин и ја критикуваат затоа што дојде на фестивалот во Кан: „Снимив филм со Зеленски“

Vecer | 22.05.2022

Го поддржува Путин и ја критикуваат затоа што дојде на фестивалот во Кан: „Снимив филм со Зеленски“

Една од најпознатите руски инфлуенсерки, Викторија Боња, завчера се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и покрај отворената поддршка за режимот на Путин.

Иако пристапот на Русите до фестивалот беше ограничен, Боња сепак беше меѓу гостите, поради што организаторите беа критикувани.

„Не ми се верува дека ја пуштиле Викторија Боња да оди во Кан. Не само што ја поддржува руската влада, туку е и анти-ваксер“, пишувало во еден од многуте твитови.

Инаку, Боња во неколку наврати отворено му изразуваше поддршка на Путин на Инстаграм, па дури и позираше во маица со неговиот лик.

Таа неодамна учествуваше на протести против санкциите што западните земји ги воведоа кон Русите.

Таа беше снимена како уништува скапа чанта на Шанел, обвинувајќи ја компанијата за промовирање русофобија.

Откако ги затвори своите продавници во Русија, Шанел престана да ги продава своите производи на луѓе кои имаат намера да ги однесат во Русија.

„Ако Шанел не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме Шанел? рече таа пред да ја пресече торбата со ножици.

Организаторите на новинарските прашања за доаѓањето на Боња на фестивалот одговорија дека само неколку руски медиуми кои се против војната добиле дозвола да дојдат во Кан, но Боња не ја споменале.

На повиците реагираше и инфлуенсерката.

„Зошто не ме обележуваат на сликите каде глумам во филм со Зеленски? праша таа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk