logo
logo
logo

ГО НЕМА И ЅВЕРКАТА: Рестартот на Сексот и градот без друг главен лик

Vecer | 20.02.2021

ГО НЕМА И ЅВЕРКАТА: Рестартот на Сексот и градот без друг главен лик

Ве молиме, вратете се, г. Биг!

Кога слушнавме дека нема да да го има ликот на Саманта во продолжението на серијата, се прашувавме дали серијата ќе има воопшто смисла, а кога Пејџ Сикс вчера официјално објави дека нема да го има и Ѕверката, дефинитивно сме убедени во тоа .

Верувале или не, Миранда и Стив нема да ја продолжат својата љубов, бидејќи во рестартирањето нема да игра ниту Дејвид Ајгенберг.

Која е поентата и каква приказна сакаат да ни раскажат Кери, Шарлот и Миранда? Како ќе се објасни отсуството на култни ликови? И, дали беше потребно да се форсира продолжение по два филма и шест сезони од серијата, и сето тоа за време на пандемијата?

Разочараните обожаватели ширум светот поставуваат безброј прашања на социјалните мрежи, а продолжението го нарекуваат бесмислено со причина.

И единственото нешто што навистина го посакуваме на оваа тема е дека едно утро ќе осамне веста дека Сара Џесика Паркер се откажала од целиот проект. И, би и биле бесконечно благодарни за тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk