logo
logo
logo

Го бранеше на суд па ГО ОСВОИ неговото срце, Џони Деп во ЉУБОВ со адвокатката Џоел Рич

Vecer | 23.09.2022

Го бранеше на суд па ГО ОСВОИ неговото срце, Џони Деп во ЉУБОВ со адвокатката Џоел Рич

Актерот Џони Деп (59) е во врска со адвокаткaта Џоел Рич, која го застапуваше во тужбата за клевета против The Sun, потврдено е за Page Six. Таа моментално е во процес на развод и не е познато кога точно ја започнала врската со Деп.

Изворот за медиумите потврди дека актерот на почетокот на врската дискретно се среќавал со адвокатката во хотели и дека таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судскиот процес против неговата поранешна сопруга Амбер Херд (36).

Деп претходно беше поврзан со друга адвокатка, Камил Васкез, која го застапуваше во судскиот процес за клевета против Амбер. Сепак, Васкез брзо ги демантираше гласините.

- Тоа е сексистички. Тажно е и разочарувачки, но не можам да кажам дека сум толку изненадена – изјави тогаш таа.

Камил веќе некое време е во врска со британски бизнисмен со недвижнини, додека срцето на Деп изгледа го украла Џоел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk