ГЛАВА ПОКРИЕНА, долу гола: Кање Вест и жена му прават СКАНДАЛИ низ Лондон


Бјанка не обрнува внимание на ваквите коментари, па неодамна прошета во кратки шорцеви во друштво на 46-годишниот Кање, со градите прекриени со проѕирна лента која едвај ги држи нејзините бујни облини под контрола. Она што привлече дополнително внимание беа нејзините проѕирни и замаглени пластични потпетици во кои прстите и изгледаа како да немаат доволно простор.
Парот предизвика бурни реакции за време на долгиот одмор во Италија, од скандалозното однесување до непристојната облека.

Бјанка дури неколку пати излезе со голи гради под проѕирна облека, вклучително и проѕирно боди кое ја принуди да ги покрие брадавиците со црна чанта и перница додека шеташе. Многумина веруваат дека токму Кање се крие зад нејзиниот моден избор, а тој одлучува што и кога ќе облече. Поради ова, нејзините фанови веќе ја изразија својата загриженост на социјалните мрежи.
“Дали некој гледа дека на овие луѓе им треба помош? Каде е семејството на оваа жена? Сигурен сум дека и Кање има луѓе кои се грижат за него”, “Сирота девојка. Изгледа мизерно”, “Па, таа сигурно не изгледа среќна” , „Бјанка мора да излезе од таа болна врска“, „Колку е понижувачки за неа. На таа кутра жена и треба помош. Ослободете ја Бјанка“, се дел од коментарите под фотографиите на парот од одморот во Италија.

Еден корисник на социјалните мрежи го нарече Кање болен поради експлицитната сцена снимена на гондолата. Имено, пред да се качи на бродот, тој бил покриен од глава до пети во црно, додека Бјанка носела палто до колена кое го комбинирала со голи потпетици. Сепак, и двајцата ги отстранија дополнителните слоеви облека што ги имаа кога се качија. Таа остана во проѕирната креација, додека Кање ги спушти панталоните за да го открие голиот задник. Парот потоа доби доживотна забрана за возење на гондола од Италијанците.
Според италијанскиот Уставен суд, Бјанка поради разголените изданија се соочува со парична казна од 5.000 до 10.000 евра, а доколку во нејзина близина имало малолетници може да добие затворска казна од четири месеци до четири години.

„Изненадувачки е што сè уште не е уапсена. Италија е многу конзервативна, во овој случај со право“, „Се надевам дека и двајцата ќе бидат избркани од земјата. Не им треба оваа двојка која загадува“, „Целосно непочитување на католичката култура, треба да ги исфрлат Италијанците“, „Изгледаат како кловнови, многу непријатно“, „Тоа се вика грубост… Уморен сум да ме тераат да гледам голи жени и тоа треба да е незаконски затоа што гледаат деца тоа“, „Рестораните да ги забранат“, се дел од коментарите што се раширија на социјалните мрежи.
Според главната туристичка веб-страница CIU travel, локалните жители сметаат дека е навредливо што нивните посетители шетаат по улиците во различни разголени комбинации.

Инаку, Бјанка и Кање се венчаа во јануари оваа година. Тие се запознале во неговата фирма, каде што таа работи од 2020 година, откако магистрирала архитектура на Универзитетот во Мелбурн во Австралија. Нејзините пријатели ја опишуваат како елегантна и паметна, дружељубива девојка која сè уште била студентка кога Кање и понудил работа.
Кање претходно беше во брак со реалити ѕвездата Ким Кардашијан, со која има четири деца.